Тевдовски: Еврообврзницата е за враќање на стари долгови
„Средствата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, за поголеми плати, за капиталните инвестиции и за враќање на стари долгови“ – министерот Тевдовски за новата еврообврзница. Вели дека задолжувањето е со историски најниска каматна стапка...
Првиот финансиер смирува- задолжувањето со шестатата еврообврзница од половина милијарда евра е постигнато по историски најниска каматна стапка од 2,75 проценти. Рокот на достасување ѝ е 7 години. Според Тевдовски, големата побарувачката од инвеститорите е доказ дека тие веруваат во перспективите на македонската економија и во долгорочната стабилност на земјата, условите на меѓународниот пазар на капитал биле поволни.
„Претходните пет еврообврзници беа издадени со значително повисоки каматни стапки кои се движат меѓу 3,975% и 9,875%, односно нивната пондерирана просечна каматна стапка изнесува 5,34%. Со двојно пониската каматна стапка од 2,75%, постигнуваме заштеди по камати во вкупен износ од околу 90,6 милиони евра во однос на случајот ако се издадеше еврообврзница на истиот износ и рочност, но со повисоката просечна каматна стапка“, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Министерот за финансии соопшти- парите ќе се користат за повисоки плати и инвестиции во образованието и здравството, за зголемување на средствата во одбрана, за поддршка на компаниите, за интензивирање на капиталните проекти, а ќе се враќаат и претходни долгови. Кон крајот на месецот ќе се отплатат 95 милиони по основа на земен кредит. Предвреме е вратена една третина од еврообврзницата од 270 милиони евра од 2015-та, која е со повисока каматна стапка.
„Македонија за првпат во историјата направи ваква операција на предвремено враќање на дел од еврообврзница со што влеговме во редот на развиените земји кадешто ваквата проактивна политика на управување со јавниот долг е редовна практика. Со оглед на тоа што со еврообврзницата враќаме речиси 200 милиони евра претходно наталожени долгови, нето-задолжувањето изнесува 300 милиони евра“, вели Тевдовски.
Македонија досега издаде шест еврообврзници во вкупна вредност од 2 милијарди и 45 милиони евра.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
