-->
-->
Тие се непробојниот штит на Ким: Севернокорејскиот лидер во чекор го следат 20 возила и 20 мотори
-->
Колона од најмалку 20 мотори и 20 дипломатски и полициски возила, се во придружба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун кој денеска со авион допатува во Сингапур, и застанаа пред сингапурскиот хотел „Сент Реџис“, каде ќе отседне Ким во текот на посетата.
Севернокорејскито лидер, по доаѓањето во Сингапур се состана со министерот за надворешни работи на тој град-држава Вивијан Балакришнан.
Сингапурското министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Ким денеска ќе се состане со премиерот Ли Хсијен Лунг.
Во Сингапур во вторник ќе се одржи долго очекуваниот самит на Ким и американскито претседател Доналд Трамп, а предвидено е да се состанот во хотелот „Сингапорес Капела“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари