-->
-->
„Тигрите“ на тактички вежбовни активности во Охрид
-->
Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од денеска па во наредните пет дена ќе одржува тактички вежбовни активности кај Студенчишкиот канал во Охрид.
Според полициското соопштение, вежбовните активности ќе се спроведуваат на просторот кај езерската полиција во Охрид, а во текот на тактичките вежби, што ќе се реализираат во различни периоди од денот, ќе биде користена маневарска муниција.
За време на вежбите ќе бидат преземени сите неопходни безбедносни мерки поради што, се молат граѓаните за разбирање и почитување на насоките на полициските службеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
