Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров
Фудбалскиот клуб Тиквеш на социјалните мрежи објави дека го повлекува дресот со број 16 со кој во клубот настапуваше Андреј Лазаров, беше една од жртвите во трагедијата во Кочани.
Лазаров во минатото неколку сезони помина во клубот од Кавадарци. Тие решија на овој начин да му оддадат посебна чест.
„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен.
Ангелите живеат вечно
Збогум Андреј“, објави Тиквеш.
Лазаров кој имаше 25 години беше член на Шкупи каде што летово се врати во македонскиот фудбал од хрватска Горица. На плоштадот во Кавадарци во текот на вчерашниот ден беше отворена и книга на жалост.
Ново на Сител
-
Со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Повеќе од 20 лица загинаа во експлозија и пожар во магацин за огномет во Индија
-
Апелациониот суд Скопје ќе одржи јавна седница за случајот „Ласкарци“
-
Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада
-
Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет