-->
-->
Тилерсон избришан од сајтот на Стејт департментот
-->
Името на Рекс Тилерсон целосно исчезна од интернет-страницата на Стејт департментот откако за викендот стапи во сила одлуката на претседателот Доналд Трамп за негова смена.Линкот што води до „државен секретар Тилерсон“ на сајтот на Стејт департментот исчезна синоќа, а на негово место поставен е општ поим „државен секретар“.
Но, на интернет-страницата има информација дека заменик државниот секретар Џон Саливан стана „вршител на должноста државен секретар на 1 април 2018 година“.
Линковите кои водат до страницата со говорите, патувањата и другите настани поврзани со Тилерсон, сега се заменети со тие на Саливан.
Линкот кон биографијата на Тилерсон како 69. државен секретар отвора станица на која пишува „Жал ни е, страницата не може да биде пронајдена“.
Трамп го разреши Тилерсон со објава на Твитер на 13 март, а одлуката стана официјална вчера, на 31 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
-

Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
