Тилерсон ја поздрави „воздржаноста“ на Северна Кореја

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја поздрави, како што нагласи, „воздржаноста“ која Северна Кореја ја покажува во последно време кон својата нуклеарна програма, додавајќи дека тоа би можело да значи отворање пат кон можен дијалог меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
- Немавме истрелувања на ракети, ниту провокации од страна на Северна Кореја, откако едногласно беше усвоена резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, изјави Тилерсон.
Тој изрази надеж дека тоа е „почеток на сигналот кој го чекаа САД, дека тие се подготвени да го ограничат своето ниво на тензии, провокациите, а можеби е и пат кон евентуален иден дијалог“.
Сепак, во меѓувреме, Северна Кореја објави пропагандна видео снимка, со која се заканува со истрелување ракети во близина на американската територија Гуам, истовремено заканувајќи им се на САД со „немилосрдна одмазда“ поради игнорирањето на предупредувањата од страна на Пјонгјанг во врска со воените вежби на САД и Јужна Кореја.
Ново на Сител
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
