Тилерсон најави хуманитарна помош од 530 милиони долари за африканските држави
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пред да отпатува на турнеја во Африка најави дека САД ќе доделат повеќе од 533 милиони долари хуманитарна помош за жртвите во конфликтите и сушата во Етиопија, во Сомалија, во Јужен Судан и во земјите околу езерото Чад во Централна Африка.
Според него, проектите на Кина во Африка се оптоварени со „корупција, нејасни договори и така наречено грабливо кредитирање“. Додека пристапот на САД го оцени како партнерство со африканските земји и промоцијата на владеењето на правото и демократскиот развој.
- Кинеските инвестиции имаат потенцијал да ја пополнат африканската инфраструктурна бездна, но води и до зголемување на долговите и до намалување на работните места во поголем број на земји. Во комбинација со политичките и фискални притисоци, тоа е закана за африканските природни ресурси и африканската долгороччна економска и политичка стабилност, наведе Тилерсон.
Ново на Сител
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат