Тилерсон: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија

Соединетите Американски Држави се горди што се пријател и стратешки партнер на Македонија и веќе 26 години работиме заедно за поддршка на аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, се вели во честитката од aмериканскиот државен секретар Рекс Тилерсон, по повод Денот на независност на Република Македонија.
- Во име на Владата на Соединетите Американски Држави, ми претставува задоволство, на народот на Македонија да му ги пренесам нашите најдобри желби, по повод 26-те години независност. Ги поздравуваме активностите што ги презеде новата влада, при што ја покажа својата посветеност спрема демократските принципи, почитувањето на владеењето на правото и регионалната соработка. САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија за спроведување на реформите, потребни за да го обезбеди своето место во евроатлантското семејство, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
Со нетрпение очекуваме на продолжителна соработка и во годините што следат, се вели во честитката на Стејт департментот.
Ново на Сител
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
