Тилерсон сакал да остане на позицијата државен секретар
Рекс Тилерсон очекувал да остане на позицијата државен секретар, не разговарал за негова можна оставка со претседателот Доналд Трамп и не ги знае причините за таквата одлука, соопшти денес заменик државниот секретар Стив Голдстин, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
-Тилерсон нема разговарано со претседателот на таа тема, причините за негова оставка му се непознати, изјави Голдстин на брифинг за новинарите.
Во меѓувреме, Тилерсон се заблагодари за тоа што му била дадена можност да работи на позицијата државен секретар, и му посака успех во работата на Мајк Помпео, досегашен директор на ЦИА, кој доаѓа на негово место.
Во Белата куќа смената ја објаснуваат со желбите на американскиот претседател да собере нов тим пред почетокот на преговорите со Северна Кореја.
Притоа Трамп изјави дека Тилерсон бил ослободен од должноста поради „разидување во ставовите“.
Пред да стапи на функцијата државен секретар, Тилерсон беше директор на „Ексон Мобајл“. Американскиот нафтен гигант развива неколку значајни нафтено-енергетски проекти во Русија и Тилерсон во тоа својство често патуваше во Русија и беше близок со рускиот претседател Владимир Путин.
Во еден од своите последни настапи како државен секретар минатата недела пред студенти во универзитетот Џорџ Мејсон, Тилерсон изјави дека тој во 2017 планирал да оди во пензија доколку Трамп не му понудил да стапи на оваа висока функција.
Ново на Сител
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
-

Карневалски денови за Прочка во Прилеп, денеска се одржа Детскиот карневал, утре е главното дефиле
-

Преглед на вестите од светот
