Тимерманс и напиша „љубовно писмо“ на Велика Британија

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс и напиша „љубовно писмо“ на Велика Британија, изразувајќи ја својата „длабока болка“ поради Брегзит и заклучи: „Секогаш ќе бидете добредојдени да се вратите“.
– Уште од кога одев во британско училиште, ти секогаш беше дел од мене. Сега заминуваш и тоа ми го крши срцето, напиша Тимерманс во писмото објавено во „Гардијан“.
– Неодамна прочитав прекрасна книга со љубовни писма до Европа. И тоа ме натера да размислувам за љубовта кон Велика Британија, пишува извршниот потпретседател на Европската комисија.
Тимерманс, кој е државјанин на Холандија, во писмото се потсетува на времето поминато во Британското меѓународно училиште Сент Џорџ во Рим, и наведе дека „за време на неговиот живот Велика Британија секогаш била тука, како дел од него“.
Тој вели и дека Велика Британија мисли оти е „единствена и различна“, но дека тоа „можеби е помалку од што се мисли“. Тој додава: „Сега те познавам. И те сакам. Поради тоа што си и она што ми го даде. Јас сум како стар љубовник“.
Тимерманс сепак заклучува дека наоѓа утеха во мислата дека семејните врски никогаш не можат да се прекинат. „Ние не одиме никаде и секогаш ќе бидете добредојдени да се вратите“, додава.
Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.
На 20 декември, британските пратениците го одобрија договорот за Брегзит на премиерот Борис Џонсон, само осум дена откако неговата Конзервативна партија освои мнозинство на парламентарните избори.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
