Тимоние: Евроинтеграцијата е неопходна, но потребно е трпение и оптимизам

Европската изградба за нас не е под закана, таа е неопходност, но ни претстои огромна работа што треба да ја спроведеме затоа што стигнавме до одредени организациски ограничувања. Ни претстои огромна работа особено во однос на одлуките кои ќе треба да ги донесеме. Потребно е трпение и оптимизам, рече францускиот амбасадор Кристиан Тимоние на конференцијата „Македонија: Евроатлантска интеграција, нови предизвици и можности“ што ќе се одржи денеска во МНР.
- Ни претстои вистинска заедничка работа и бараме малку трпение од нашите пријатели за да може да ве пречекаме во куќа која што е стабилна каде вие ќе го имате целото заслужено место. Тоа е смислата на говорот на претседателот Макрон од 26 септември, рече Тимоние
Според него, многу се очекува и од земјите аспиранти, затоа што има уште многу работа, како во градење на културата на компромис, но и работа за помирување кое, вели, треба да се спроведе помеѓу различните политички сили и во рами на различните заедници.
- Треба да излеземе од алтернативата дека или треба да се случи интеграција или да се случи војна во поранешните југословенски простори. Мислам дека таква констатација не им служи на никого, а особено не за привлекување инвеститори. Треба да се најде средишниот пат, а тоа е патот на оптимизмот и на трпението и ние сме тука за да ви помогнеме затоа што тоа е другата страна на работите, рече Тимоние.
Нагласи дека важен ќе биде претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Софија, но денес, додава, треба да се спроведе работа внатре во земјите од Западен Балкан за помирување, како и да се најдат вистинските заеднички проекти.
Ново на Сител
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
