-->
-->
Тимоние: Извештајот на ЕК и новата методологија се охрабрувачка основа за старт на преговорите
-->

Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Македонија, истакнал францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.
Како што соопшти владината прес-служба, на честитките за позитивниот мини извештај на Европската комисија за значителниот напредок на нашата земја, премиерот Спасовски на средбата посочил дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.
Премиерот Спасовски изразил благодарност до сите што учествуваа во процесот за да се остварат постигнувањата констатирани во извештајот на Европската Комисија, особено до земјите членки на ЕУ и пријатели на Македонија кои го охрабруваат мерит системот во оценките за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ.
На средбата било потенцирано дека извештајот, заедно со новата методологија за проширување му дава на процесот на преговори и на пристапување кон членство во ЕУ кредибилност и претставува добра порака за регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
