Тимоние: Што побрзо да се најде решение за политичката состојба
Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска во Битола изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се наоѓа Македонија.
- Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е. Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека, истакна Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање.
Амбасадорот Тимоние, кој во Битола се обрати на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“, посочи дека Француската амбасада има тесна соработка со Секретаријатот за европски прашања и оти Франција назначила технички експерт кој работи во рамките на СЕП за да помогне за што поголема искористеност и пристап до ЕУ-фондовите.
- Но за тоа е потребна влада што ќе ја спроведува потребната динамика, а административната празнина што постои во моментов, не ни помага во работата, нагласи францускиот амбасадор Тимоние.
Ново на Сител
-
СДСМ поднесе предлог закон за поевтина храна и струја
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот
-
Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти
-
Да се носи маска во болниците и клиниките - препорака од Министерството за здравство за заштита од грипот
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение