Тинејџери од Сингелиќ запреле 65-ка за да се пресметаа со некои патници, двајца повредени и автобусот искршен

Вчера околу 18.50 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ во Скопје, автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линијата бр.65, од Транспортен центар кон с.Стајковци, бил запрен од страна на лица А.Ј. (18) и 16-годишник, двајцата од Сингелиќ, со патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки.
Откако го запреле автобусот, излегле од возилото и побарале од возачот на автобусот да ги отвори вратите.
Возачот одбил, по што 16-годишникот со камен скршил едно странично стакло на автобусот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и преземале соодветни мерки и активности.
Двете лица се приведени во полициска станица и таму изјавиле дека го запреле автобусот затоа што во него се возеле три лица кои претходно нив ги нападнале.
Од оштетувањето на автобусот, две лица се пожалиле на повреди во пределот на грбот, по што биле упатени на преглед во Градската општа болница. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
