Тинејџерите кои беа најдени во бессознание биле надрогирани - Состојбата е стабилна
Директорот Андон Чибишев информира дека четворицата малолетници кои вчера во тешка здравствена состојба и во бессознание беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија, денеска се во стабилна состојба.
„Сите четири лица се во стабила состојба, свесни се и контактибилни“, вели Чибишев.
Според направените анализи, кај малолетниците, кои се на возраст од 14 до 17 години, било регистрирано присуство на психотропни супстанци, но не било пронајдено дека користеле алкохол. Лицата немаат посериозни повреди на главата или телото, а она со што беа вчера донесени е санирано, додава Чибишев.
Малолетниците, вели директорот на Токискологија, ќе бидат задржани на Клиниката уште неколку дена и нивното лекување ќе продолжи.
Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде информираа дека во полицијата било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, а четворицата малолетници биле пронајдени во куќа на лице со иницијали Д.Г. (40).
Од МВР рекоа дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец