„Титаник“ одложен за 26 април
Судењето за предметот „Титаник“ на СЈО во Кривичниот суд Скопје ќе продолжи на 26 април, откако денешното рочиште беше прекинато поради барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на судечкиот совет, на претседателот на Кривичен суд и на судии од Апелацискиот суд во Скопје.
Судијата Осман Шабани, по паузата изјави дека барањето на адвокатот ќе го проследи до Апелацискиот суд.
Адвокатот Еленко Миланов на почетокот на денешното рочиште побара изземање на судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев од овој предмет, бидејќи, како што кажа, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на ТВ 24 на 23 март кажала дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во „бомбите“. Тој побара да се провери дали судиите Ставрев и Шабани биле прислушувани за што, како што рече, досега не добил одговор од СЈО.
Претходно и адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, даде приговор до судијата Осман Шабани дека камерата со која се снима рочиштето не ги опфаќа сите обвинети во судницата, па, како што рече, видеозаписот нема да биде целосен.
Во Кривичниот суд денеска се одвиваше второто рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Сите обвинети меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, се присутни на денешното рочиште.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
Ново на Сител
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам