Тоалетна хартија за паметни телефони
Ако некогаш се најдете на меѓународниот аеродром „Нарита“ во Токио, ќе имате можност во тоалетот да се послужите не само со обична, туку и со тоалетна хартија за паметни телефони.

Тоалетите на овој аеродром се опремени со хартија која служи за дезинфекција на смартфони, а ги постави јапонскиот мобилен гигант „НТТ Докомо“.
На хартијата можат да се најдат информации за јавни ви-фи мрежи на фирмата, како и детали за нивната апликација за паметни телефони.
Корисниците на социјалните мрежи на овој потег реагираа со хумор и неверување, наведува Би-Би-Си.
Бизарната хартија е поставена во седум тоалети и тука ќе остане до март идната година.
Јапонија е глобално позната по револуција во јавните тоалети, кои се многу чисти, модерни и содржат технолошки развиени уреди.
- На паметните телефони има пет пати повеќе нечистотија отколку на даските на ве-це школките, наведува „НТТ Докомо“, додавајќи дека посебните ролни за чистење на екраните ги поставиле со цел туристите да можат да уживаат во хигиена при патувањата. вз/сп/08:40
Ново на Сител
-

Скандал во Штип, малолетни девојчиња жртви на злоставување од професор
-

Работните групи го кројат новиот изборен законик без СДСМ
-

Нови партиски обвинувања за бугарофилството
-

Забрани за казина на 500 метри од училишта и рекламирање, следни се брзите кредити
-

ГОБ 8-ми Септември со реновиран оперативен блок – за пациентите достапен за два месеци
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
