Тодоров: Водата во Дојранско Езеро е исправна за капење

Водата во Дојранско Езеро е комплетно исправна за капење, не предизвикува опасност по здравјето на луѓето и нема потреба од никакви ограничувања, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, при посетата на Медицинскиот симулациски центар.
Тодоров, во однос тврдењата од Државниот инспекторат дека водата во Дојранското Езеро е од трет степен и е небезбедна за капење, посочи дека согласно направените мерења и директивите за исправност на водата за капење на Европската унија, Дојранското Езеро има исправна вода и изрази очекување дека тоа ќе биде констатирано и од надлежниот инспекторат и забраната ќе биде повлечена.
- Детално го испитав случајот со моите соработници во Министерството. Прво, лабораториските анализи и резултатите кои се направени се точни, но ставени се во погрешен контекст. Ставени се во контекст на правила кои се одамна напуштени во Европска унија, односно направени се мерења кои се споредени со параметри кои повеќе не се применуваат, изјави Тодоров.
Посочи дека мерењата покажуваат нула ешерихија коли и нула фекални бактерии и дека од тој аспект водата е исправна и не предизвикува опасност по здравјето на луѓето.
- Нашата легислатива е усогласена со европската и согласно европските правила водата е комплетно исправна за капење и нема потреба од никакви ограничувања. Дополнително, и од грчка страна се прават вакви мерања и таму покажуваат дека водата е исправна за капење, изјави Тодоров.
Според Тодоров, доказ за тоа е што во целиот период пред да се објават мерењата нема сериозни заболувања на капачи од Дојранско Езеро и дека во целиот овој период има само еден случај на ентероколит што е далеку помал од просекот за овој период од годината.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
