Токио: Одлуката на Бајден да ја блокира продажбата на „Ју-Ес Стил“ на јапонскиот „Нипон Стил“ е неразбирлива
Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија, Јоџи Муто, ја оцени како погрешна и несфатлива одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да ја блокира продажбата на Ју-Ес Стил (US Steel) на јапонската компанија Нипон Стил (Nippon Steel).
Муто рече дека сега постои загриженост за иднината на инвестициите меѓу САД и Јапонија, објави јапонската телевизија НХК.
Тој најави и дека јапонската Влада ќе побара од администрацијата на Бајден подетално да ја објасни својата одлука.
Бајден вчера издаде налог за стопирање на зделката вредна 14 милијарди долари, наведувајќи ризици за националната безбедност.
– Треба големите американски компании кои го претставуваат најголемиот дел од американскиот капацитет за производство на челик да продолжат да се борат за националните интереси на Америка, рече Бајден.
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава