Том Хенкс: Јас сум прилично смирен околу животот и смртта
Пред извесно време, Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон „го прележаа“ Ковид-19, а сега глумецот во интервју за британски „Гардијан“ вели дека не е премногу загрижен околу тоа дали самиот тој ќе го дочека наредното утро.
– Кога бевме во болница, си реков: Имам 63 години, дијабетес тип 2, стент во срцето – дали сум случај со црвен сигнал? …Но, сè додека нашите температури не се покачуваа, а нашите бели дробови не се наполнија со нешто што би личело на пневмонија, ние не бевме загрижени. Јас не сум тој што наутро се буди и се прашува – дали ќе го дочекам крајот на денот или не? Јас сум прилично смирен околу тоа, вели Хенкс.
Прашан за тоа како американскиот претседател Доналд Трамп се справува со корона-пандемијата, глумецот рече: – Е па, отсекогаш сум мислел дека лидерот треба да биде смирен и информиран како водач. Не мислам дека го имаме тоа.
Натаму, тој повторно повика на општествена одговорност и здрав разум.
– Не биди морон, само почитувајте ги правилата. Едноставно е… Господи, до здравиот разум е. Има буквално само три работи што треба да ги правиме за подобро утре: Носете маска, физичко растојание и мијте ги рацете, додава глумецот.
Ново на Сител
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола