Томовска: Државниот инспекторат за труд го прошири надзорот во М-НАВ

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) го прошири надзорот во М-НАВ, изјави за МИА директорката на ДИТ, Весна Томовска. Проширувањето на надзорот е по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.
- Добиени се дополнителни претставки, надзорот ќе продолжи понатаму. Затоа што надзор ќе се изврши и во Агенцијата за вработување, а исто така ќе се постапи и по новопримените претставки од страна на неизбраните кандидати. Значи имаме претставки од двајца неизбрани кандидати, имаме претставка од анонимен подносител членови на синдидатот и таа ќе ја дадеме во обработка. Што значи ќе се прошири надзорот и ќе ни треба повеќе простор и време, вели Томовска.
Таа очекува дека во текот на неделата и координативен состанок и со Финансиска полиција, а на кој треба да разгледаат од двете области до каде се со надзорот во М-НАВ. Томовски истакна и дека инспекторите кои работат на овој надзор имаат обемна документација и работат и до 18 или 19 часот.
- Колегите ги разгледуваат, документацијата е обемна, затоа ве молиме за трпение, за да завршиме какошто треба, вели Томовска.
МИА претходната недела објави дека тројцата инспектори ги разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот. Последните огласи за вработување се четири, објавени беа 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со претседателот на синдикатот имаа и разговор и ја добија потребната документација. Инспекцискиот надзор од Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ почна по случувањата во оваа институција.
Ново на Сител
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
-

Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
