Тони Цетински осомничен за убиство
Хрватската полиција на 21 февруари донела решение за спроведување истрага против пејачот Тони Цетински поради основано сомнение дека „направил кривично дело и предизвикал сообраќајна несреќа“, стои во нивното соопштение.
„Постои основано сомнение дека обвинетиот на 3 ноември 2017 година управувал со возилото низ ‘Пуста улица’ во Ровињ, спротивно одредбите на Законот за сигурност во сообраќајот на патиштата, односно доаѓајќи до острото и непрегледно свртување налево не ја приспособил брзината на своето возило според условите на патот, видливоста и прегледноста, како и на потребата на застанување пред пречката на патот, свесен дека со возењето може да ја загрози сигурноста на другите учесници во сообраќајот, лесно сметајќи дека нема да дојде до штетни последици“, се вели во соопштението.
Полицијата покренала истрага против Цетински со основано сомнение дека не му обрнал внимание на пешакот кој се наоѓал на улицата, односно лежел поради нарушеното здравје од срцевата болест, а бил истовремено под влијание на алкохол и лекови. Долниот дел на возилото го зафатил пешакот, кој смртно настрадал на самото место на несреќата.
Цетински пред само неколку дена првпат проговори за несреќата во која прегази човек. Тој рече дека иако го нема извештајот од аутопсијата, верува во својата невиност и знае дека и полицијата ќе дојде до истиот заклучок.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари