Топ ченел: Исламски екстремисти и се закануваат на Албанија

Официјална Тирана е загрижена бидејќи може да биде следна цел на терористички напади од страна на Исламска држава, откако албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири добил на својата електронска пошта порака со заканувачка содржина, пренесува Топ ченел.
- Сега сте вие на ред! Почна светата војна против оние кои учествуваат во борбата против ИД. Ќе се плашите и ќе молите на колена пред Алах, пишува во пораката која завршува со традиционалниот исламски извик „Алах е голем!“.
По ваквата порака припадниците на антитерористичките единици на албанската полиција започнале истрага.
Според Топ ченел, интересно е што оваа порака е испратена од адреса на „Црвените бригади“, која не може да се поврзе со комунистичката идеологија на овие групи, но испраќаат порака на верска основа, а според текстот може да се заклучи дека по Париз, Тирана е следниот град во кој може да се очекува напад.
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
