Македонија
6. August 2015 - 8:13

Топло време со услови за пороен дожд и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево  со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе бидат распространети низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 30 до 37 степени. 

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во петок и деновите од викендот ќе преовладува слично време. Поизрезена нестабилност се очекува во понеделник.