Топлотен бран во делови од Македонија
Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран денеска и утре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на барање на Министерството за здравство, вчера одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. И Скопскиот и Вардарскиот регион овие два дена ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт - подготвеност), па во овие региони ќе важат општите препораки.
-Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11 и 12 јуни територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на седницата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на овие градови, се наведе во соопштение владината прес-служба.
Владата за градовите кои ќе бидат зафатени од портокалова фаза препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.
Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени