Тошковски и Ангелов најавија реформи на системот за справување со кризи
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетија делот од скопскиот аеродром каде се лоцирани противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Тошковски и Ангелов, како што информира ЦУК, се сретнаа со персоналот, а на пилотите на ДЗС им искажаа признание за храброста и пожртвуваноста за нивната постојана активност за справување со пожарите што се остварува во координација на ЦУК.
Според ЦУК, Тошковски откако се запознал со условите во кои работат изразил жалење што тие се такви, како и за недостигот на кадар во ова одделение и за ниските плати.
-Припадниците на воздухопловниот дел од ДЗС, од кои некои се вратија и од пензија, заедно со екипите на Одделот за воздухопловни единици на МВР и на Воздухопловниот „винг“ на Армијата се хероите кои секојдневно се во битката со пожарите со кои се соочува нашата татковина. За тоа, преку нивните изјави, се согласни и Ангелов и Ташковски, стои во соопштението.
Министерот Тошковски, како што се наведува, најавил реформи на системот за справување со кризи, како од оперативен, така и од материјално-технички карактер.
- Се сложивме дека потребата од реформата на системот е голема, а тие остануваат тука се додека е потребно, заедно да ги спасиме нашите шуми и природни богатства. Министерството за внатрешни работи останува со сите свои капацитети да учествува во гасењето на пожарите и во пронаоѓањето лица кои учествуваат во нивно подметнување и ширење. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија, но во меѓувреме беа повторно ангажирани поради големиот број на летни пожари, изјави Тошковски.
-Покрај запознавањето со пилотите и техничките карактеристики на противпожарните авиони на ДЗС, а и со персоналот, Ангелов и Тошковски се сретнале и со екипите од Кипар и Германија, кои преку Механизам за цивилна заштита на ЕУ учествуваат во гасењето на пожарите.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели