Тошковски и Памер разговарале за борбата со криумчарење луѓе, илегална миграција, тероризам и сајбер криминал
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на вчерашниот ден имал средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, се разговарало за реформирањето на системот за управување со кризи, борбата со криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот.
- На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу нашите две пријателски земји вклучително и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и заедничката посветеност кон остварување на регионалната и глобалната безбедност, се наведува во соопштението на МВР.
Како надоврзување на вчерашниот состанок во ЦУК, една од главните теми на разговор била реформирањето на системот за управување со кризи. Амбасадорот Памер го образложил тековниот проект за соработка на противпожарните служби меѓу областа Тирол, Австрија и неколку македонски општини, од кои главни носители на проектот се општините Крива Паланка и Куманово.
- Проектот има за цел реформирање на целокупниот систем за управување со кризи преку разграничување на надлежностите на ЦУК и ДЗС, како и подобрување на одговорот на противпожарните служби на ниво на цела држава, особено при справување со шумски пожари, се појаснува во соопштението.
Според писмената изјава на министерот, биле разгледани заедничките чекори во борбата со криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области.
- Од останатите развојни проекти, беше споменат и проектот за развој на планинскиот туризам во Македонија, чиј поддржувач и промотор е амбасадата на Република Австрија. Разговарано беше за активностите преземени во рамки на овој проект, чија цел е развој на австриско-македонското пријателство, а и промоција на македонските планини и туризам. Промената мора да започне од нас и дека сè се може кога постои волја, се потенцира во изјавата на Тошковски.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно