Тошковски: Можно е заострување на казнената политика за пиротехнички средства

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција најави дека се размислува за заострување на казнената политика во врска со нелегалната трговија и употреба на пиротехнички средства. Тој истакна дека и покрај засилените превентивни кампањи, проблемот останува присутен, особено во урбаните средини.
-За жал и покрај тоа што се зголемени превентивните кампањи, покрај тоа што е зголемена превентивната активност, јас сум жител на градот Скопје и констатирам дека навистина има доста употреба на пиротехника. И сум лично на размислување во делот на заострување на казнена политика која што е поврзана со, особено со ваков тип на криминал и нелегални дејности, во делот на санкционирање на оние коишто тргуваат, увезуваат, шверцуваат, продаваат или на било каков начин допринесуваат пиротехниката да заврши во рацете на дечињата, изјави Тошковски.
Министерот потврди дека во една од акциите за заплена на пиротехнички средства бил вмешан и полициски службеник.
-Согласно информациите што ги имаме, тој бил дел од групата за која постои сомнеж дека нелегално ги внесувала пиротехничките средства во Македонија. Мислам дека на територија на СВР Велес првично беше запленето и откриено она што е поврзано со нелегална пиротехника. Индициите и доказите што ги имаме до овој момент се во насока на она што е споделено со јавноста – дека истиот учествувал во рамки на нелегални дејствија поврзани со внесување и транспорт на пиротехника, рече министерот.
Тошковски се осврна и на трагичниот случај со двегодишното дете кое почина од залутан куршум, за што информираше дека истрагата е во тек.
-Истрагата е во тек. Она што досега е официјализирано е дека станува збор за куршум кој е потврден од страна на надлежните органи. Не станува збор за куршум кој бил директно насочен за да се застрела детенцето, туку станува збор за залутан куршум. Истрагата ќе продолжи, ќе ги преземеме сите надлежни чекори со цел да утврдиме конкретен сторител. Без оглед на тоа што овие случаи се доста тешки за детектирање и откривање, ќе се направи сè за да се дојде до вистината, нагласи министерот.
На денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство, Азар Алиу, упатија апел до граѓаните да се воздржат од употреба на петарди и друга пиротехника, бидејќи тие не се играчка и можат да предизвикаат сериозни, трајни и неповратни повреди.
МИА
Ново на Сител
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
-

Манчестер јунајтед го отпушти Аморим
-

Го истепал вработениот на патарината Петровец, па со aвтомобилот ја скршил рампата и го напуштил местото
-

Ѓорѓиевски: Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
