Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брза реакција на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до Јавното претпријатие за државни патишта дека мостот кај Башино село е во многу лоша состојба заради што се забранува секаков сообраќај за лесни и тешки товарни возила, информираат од МВР.
Притоа, министерот Тошковски упатил извинување до граѓаните на Велес кои, како што рекол, ќе мора да бидат трпеливи со цел да се надмине оваа состојба, бидејќи претходната централна власт, до која биле упатувани апели уште во 2018 година за проект за санација на овој мост, оставила штетата толку да се зголеми што сега има неминовност од затворање на мостот на неколку месеци, се до негова конечна санација.
- Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал за Градежниот факултет да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот, кој нема да се одвива преку овој мост, ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес, рекол Тошковски.
Тој ги повикал граѓаните на Велес и сите граѓани да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот. Во меѓувреме, додал, паралелно на проектот за санација на овој мост, се планира проект на нов мост во близината на постојниот, чија изградба треба да почне во втората половина на годината после завршувањето на тендерските постапки и избор на изведувач.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени