Тошковски во Вашингтон: Продлабочување на безбедносната соработка меѓу Македонија и САД

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски престојува во работна посета на Вашингтон, во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог Македонија – САД, процес оценет како исклучително значаен за унапредување на националната и јавната безбедност.

За време на посетата, Тошковски оствари повеќе средби со високи претставници на американските безбедносни институции, меѓу кои со Николас Колура, заменик-помошник државен секретар и директор на Diplomatic Security Service (DSS), со Кристофер Г. Раја, заменик-директор на ФБИ, со Грегори Дукот, директор на ICITAP, како и со Дејвид М. Бедард, заменик-помошник државен секретар од Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот.
На средбите, како што соопшти МВР, било констатирано дека Македонија е препознаена како доверлив и оперативен безбедносен партнер на Соединетите Американски Држави, со кој соработката се продлабочува во конкретни области од заеднички интерес.
-Овие средби испраќаат јасна порака дека Македонија е препознаена како доверлив партнер на САД, со кој се гради продлабочена и конкретна соработка во клучните безбедносни области- истакна министерот Тошковски.

Фокусот на разговорите бил ставен на борбата против трговијата со луѓе, нелегалната трговија со дрога, транснационалниот организиран криминал, зајакнувањето на граничната безбедност, како и справувањето со тероризмот.
Посебно била нагласена континуираната поддршка преку програмата ICITAP за Министерството за внатрешни работи, особено во делот на јакнење на институционалните капацитети, обуките и модернизацијата, вклучително и унапредување на работата на полициската академија.
-Поддршката од нашите американски партнери, особено преку ICITAP, има клучна улога во модернизацијата на полицијата и зајакнувањето на нашите капацитети за справување со современите безбедносни предизвици- нагласи Тошковски.
Посета, како што се наведува во соопштението, уште еднаш ја потврдува стратешката определба за продлабочување на партнерството со Соединетите Американски Држави и за заедничко справување со безбедносните предизвици, при што во наредниот период се очекува дополнително интензивирање и зајакнување на соработката на сите клучни полиња.
МИА
Ново на Сител
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
-

Ангелов и Јанчев ќе информираат за состојбата со пожарите во Кавадаречко
