Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени

Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство.
На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Причината за несреќата сè уште се утврдува.
Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека истрагата ќе покаже што е причината за сударот меѓу патничкиот и товарниот воз. Тој нагласи дека најважно е што во несреќата нема смртни случаи.
Според него, тешко повредените патници и машиновозачот на патничкиот воз се пренесени во загрепските болници, додека некои од повредените се згрижени во медицински установи во близина на местото на несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
-

Одбраната за „Онкологија“: За лекување на некои пациенти учествувале од три до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност
-

ЈП „Лајка“ по повод Меѓународниот ден на кучињата: Односот кон животните е одраз на општеството што го градиме
-

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Никола Груевски
-

Ѓорѓиевски: Од паднатите дрвја на Водно - изграден нов моторички парк | ФОТО
-

Сали: Пораките на Кос за проширување на ЕУ се позитивен сигнал
