Традицијата се почитува: Еве како Брена го слави Први мај

Љубовта на фолк дивата Лепа Брена и славниот српски тенисер Боба Живојновиќ трае 31 година. Се запознаа во 1986 година, а пет години подоцна се венчаа. Денеска двајцата велат дека почувствувале дека судбинска љубов е во прашање, една од оние кои само може да посакувате да ви се случат.
Нивната љубов е крунисана со раѓањето на синовите Стефан и Виктор, кои покрај Филип, синот на Боба од првиот брак, претставуваат најголема радост и среќа за родителите.
„Мислам дека Први Мај кај нас поинакус е доживува зошто и времето е поинакво. Со мојот покоен татко и мајка додека беа живи се знаеше: јагне со соседите, се оди некаде надвор, се прави скара...Едноставно, народот уживаше во тие празници. Тоа беше празник кој тогаш се почитуваше, празник на трудот, кој се славеше така што не се работеше. Тоа е една убава традиција. Важно беше и тогаш, а и денеска за ваквите празници да се има убаво време и добри пријатели“, рече Брена и додаде:
„Ние сме домаќинска куќа, имаме огромен двори и често сакаме да дочекаме гости кај нас за први мај. Кај нас секогаш е полно со луѓе, секогаш се дружиме. Јас не сум како Бобо љубител на месо, скара и тие работи, но сакам убаво дружење. Се што се слави во кругот на пријателите се слави со храна и алкохол, така што кај нас секогаш се наоѓа најдоброто винце и се врти јагне“, открива пејачката.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза


