Традиционален планинарски марш „Димитар Илиевски-Мурато“
Планинарското друштво „Пелистер“-Битола денеска го одржа 27-от по ред традиционален планинарски марш од Битола до врвот Пелистер кој секоја година се одржува во чест на Димитар Илиевски-Мурато, првиот македонски алпинист кој го освои највисокиот врв на светот – Монт Еверест.
Годинешниот планинарски марш беше со интернационален предзнак бидејќи освен од Македонија, учествуваа и планинари од Србија и Косово, посочи планинарот Илија Дупчинов, кој годинава прослави личен јубилеј, 20 години учество на планинарскиот марш.
- Од Битола тргнавме во 6 часот, а на врвот Пелистер или како уште викаме до Антена се искачивме за 5 часа и стигнавме во 11 часот. На планинарскиот марш учествуваа планинари од Скопје, Гостивар, Тетово, Неготино, Гевгелија, Срумица, Прилеп и Битола, како и 15 планинари од Србија и 10 од Косово. Патеката овој пат беше малку понапорна заради снегот кој го има на планината Баба, но мотивирани од успехот на нашиот сограѓанин Димитар Илиевски-Мурато кој во многу тешки услови го освои Монт Еверест, ние без проблеми ситигнавме до целта, истакна Дупчинов.
Како што е познато на 10 мај 1989 година битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато како прв Македонец го освои највисокиот планински врв во светот Монт Еверест, но за жал по постигнувањето на успехот, на враќање кон базниот логор исчезна. Во негова чест секоја година во овој период од годината се одржува планинарски марш кој го носи неговото име.
Ново на Сител
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров