Традиционалното капење на рибарите во Охридското Езеро

Дваесеттина граѓани на Охрид, меѓу кои и неколкумина гости во градот и туристи, денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, продолжувајќи ја традицијата на охридските рибари на православниот празник свети Јован Крстител да се капат во Езерото и на тој начин да го одбележат почетокот на риболовната сезона.
За посетителите што денеска беа на Сараиште беше обзбедено бесплатното вино, греана ракија и пржена плашица, како и порција од рибната чорба што приготвува во голем казан.
Оваа година за приготвување на рибната чорба беа употребени 380 килограми риба, за приготвување околу 1.500 литри или околу шест илјади порции рибна чорба.
- Ова е шести пат како се приготвува риба чорба на овој начин. Подготовките за чорбата се извршени претходно од страна на дваесттина ученици и професори од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, додека тука на лице место само се вари чорбата, рече професорот Блаже Јорданоски, главниот готвач на рибната чорба.
Денот на рибарите во Охрид е една од најкарактеристичните манифестации што се одржуваат на Богојавленските празници, како датуми од календарот што привлекуваат поголем број гости во градот надвор од главната туристичка сезона.
Славењето на свети Јован Крстител или Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Во поново време на овој ден се одбележува почетокот на изловот на пастрмката за нејзино измолзување и вештачки мрест.
Ново на Сител
-

Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Трамп: Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор
-

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
