-->
-->
ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во пожар во Кочани
-->
Едно лице го загуби животот во пожар што синоќа избил во објект на улицата „Охридска“ во Кочани, информира СВР - Штип. Станува збор за лимена барака лоцирана на оваа улица во кочанската населба „Тикешински лозја“, а настраданиот таму привремено престојувал.
Пожарот во лимената барака е регистриран по 23:30 часот. Откако ја добила дојавата екипа на Територијалната противпожарна единица од Кочани реагирала за мошне кратко време. При гаснењето, пожарникарите го пронашле јагленисаното тело.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, но официјално не го соопштува идентитетот на настраданото лице. Ќе се врши обдукција, по што ќе се излезе со официјални информации за кое сигурно станува збор и како дошло до пожар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците