Трагедија ја потресе Македонија: Излегла да прошета - ја вратиле дома мртва
Паднала во вода и се удавила. Ваков хорор синоќа го потресе Ростуше, околу 21 часот, кога 50-годишната Н.Р. заедно со својата мајка излегла до дома, а завршила во вода од која не успеала да се спаси.
Според податоците од полицијата, 47-годишниот Р.Ш. од селото Скудриње, гостиварско, околу полноќ пријавил дека истиот ден во 21 часот неговата сестра починала во несреќен случај, откако со нговата 70-годишна мајка излегле од дома и се упатиле на местото „Сисвети“. При обид да ја поминат реката Н.Р паднала во водата, а нејзината мајка се обидела да ја извлече, но не успеала, па побарала помош од најблиската куќа, при што 40-годишиот М.М. со уште две лица ја пронашол Н.Р. која не давала знаци за живот.
Истата ја ставиле во ќебе и со возило ја однеле во нивната куќа, каде од страна на матичниот лекар била констатирана смрт без видливи знаци за насилство.
По извршениот преглед од страна на вешто лице од судска медицина констатирано било дека причината за смртта е давење во вода и смрзнување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полицијата во Гостивар.
Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.
Ново на Сител
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност