Трагедија кај Алексинац: Македонец загина откако им помагал на повредени од сообраќајка
Државјанин на Македонија, со живеалиште во Германија, стар 44 години, загина утрово во сообраќајна несреќа околу 4:50 на автопатот Белград - Ниш, кај Алексинац, кога излегол да им помогне на луѓето повредени во друга сообраќајна несреќа.
На трагедијата во која страдаше Македонецот, претходела сообраќајна несреќа која предизвикал возач на Пежо 5008, исто така со германски регистарски таблички. Тој движејќи се од Ниш накај Белград, во близина на бензиска пумпа, најверојатно поради тоа што се успал, удрил во заштитната ограда.
Македонецот кој се движел позади Пежото, ја видел несреќата и истрчал да помогне. Меѓутоа на него налетал Мерцедес со унгарски регистарски таблички и го усмртил на лице место.
На местото на несреќата излегла сообраќајната полиција и основен јавен обвинител од Алексинац, кои направиле увид. Благодарејќи на ефикасната интервенција на сообраќајната полиција кои ги преусмериле возилата, избегнат е поголем застој на автопатот.
Ново на Сител
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени