Балкан
17. April 2017 - 19:24

Трагедија каква не се памети: Стар шпорет ја запали викендичката во која изгореа татко, син и пријателот

Во саботата навечер во Босна трагично настрада Санел Ибрахимовиќ (41), неговиот син Ведин (12) и Сафат Мехиќ (50), а според првичните извештаи од вештаците пожарот го предизвикал стар шпорет.

Адмир Арнаутовиќ, портпарол на обвинителството на тузланскиот кантон рече дека е издадена наредба до вештакот да се утврди причината за пожарот. Тој напомена и дека во викендичката немало струја.

-Прелиминарните извештаи од обдукцијата укажуваат дека смртта настапила поради гушење, а телата на настраданите потоа изгореле, вели Арнаутовиќ и додаде дека телата се јагленисани и не можеле да се препознаат.

-Поради тоа мора да се работи и на утврдување на нивниот идентите, но веројатно тоа се луѓето чии имиња се споменуваат во медиумите, кажа тој.

Пожарот избил во саботата во вечерните часови во викендичката чиј сопственик е настраданиот Мехиќ, а со него внатре биле Ибрахимовиќ и неговиот син. Зад Санел Ибрахимовиќ останаа уште два малолетни синови.