Македонија
29. October 2017 - 10:09

Трагедија: Младо момче загина во сообраќајка кај Градско

Младо момче загина во сообраќајка на автопатот Градско-Велес.
 
На 29.10.2017 година во 04:00 часот на автопатот Градско-Велес, на околу 500 метри после наплатната станица Градско, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26), изгубило контрола на движење, преминало на левата страна на коловозот и се превртело.
 
Во возилото како сопатници биле лицата Е.Е.(24) од Гостивар, кој починал на место на настанот, додека А.О.(20) од Гостивар и едно непознато женско лице, се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Велес.