Свет
25. January 2019 - 21:33

Трагедија на Алпите: Се судрија авион и хеликоптер, има загинати!

Шест лица загинаа, а две други се повредени денеска при судир на туристички авион и хеликоптер во реонот на италијанските Алпи.

Италијанската полиција информира дека несреќата се случила во регионот Вал Д’Aoста, на околу 80 километри северозападно од Торино.

Засега не познато како дошло до судирот, ниту колку вкупно лица се наоѓале во двете летала.