Трагедија: Пет лица загинаа во експлозија на гас
Пет лица загинаа во експлозија на гас во станбена зграда во градот Иваново во Централна Русија, јави ТАСС.
Меѓу загинатите е тричлено младо семејство со четиригодишно девојче, соопшти локалната канцеларија на Министерството за вонредни ситуации.
Жителите на зградата беа евакуирани. Спасувачите извлекоа од урнатините осуммина преживеани. Четворица се сместени во болница, а другите четворица добија лекарска помош на лице место.
- Спасувачките екипи ја завршија својата работа, на местото на несреќата нема повеќе луѓе. Во тек е расчиствување на остатоците и на урнатите конструкции, се вели во соопштението на Министерството.
Експлозијата разурнала четири апартмани во двокатна зграда, без при тоа да предизвика пожар.
Причина за експлозијата во зградата, која е изградена во 1962 година, можеби е истекување на гас од дотраена инсталација, изјави експерт од службата за гас.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата