Како што вели таа, во текот на играта, во вода паднало куќето кое децата го зеле со себе.
-Филип тргнал по него, но веројатно се лизнал и паднал. Мајката на Филип излегла од куќата по 15 минути. Кога видела дека децата ги нема, тргнала кон реката. Таму го затекнала другото дете како оди покрај водата. Тоа рекло дека Филип паднал во водата и дека тој го бара. Жената се фрапирала, вели низ солзи пријателката на семјството на настраданото дете.
Мајката на Филип веднаш повикала помош и почнала големата потрага по момчето. Веста се раширила и во потрагата се вклучила цела Сијаринска Бања - сите мештани, пожарникари и вработени во Здравствениот дом. Детето наброз е најдено.
-Го пронајдоа 4 километри под Сијаринска Бања. Филип веднаш е префрлен во Здравствениот дом во Медвеѓа, каде лекарите се обидоа да го реанимираат. Сите направија се, но му немаше помош, вели соговорничката.
Сите во солзи
Соседите за семејството на малиот Филип имаат само зборови за пофалба.
-Тоа се прекрасни луѓе, добри, убаво воспитани, летно време се во Медвеѓа, а преку зима овде во Бања. Детето беше толку посебно, златно... Сите плачат поради трагедијата, толку сме потресени, никој не може да верува што се случило, ни рече соседката.
Несреќа во Ариље, петгодишниот Бошко се удави во Рзав
Петгодишниот Бошко К. од ариљската населба Ригоште се удави пред месец дена во реката Рзав. Несреќното дете играше со братот покрај реката каде падна во вода. По час ипол потрага е пронајден, но реанимацијата не успеа/ Во време на трагедија, детето го чувал вујковото, кој го пријавил исчезнувањето и повикал помош.