-->
-->
Трагедија во Кривопаланечко - жена почина во несреќа со трактор
-->

Синоќа околу 09.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на некатегоризиран пат во с.Горно Варовиште, кривопаланечко, на место викано „Санде-Калина“, трактор со приколка, управуван од М.Ц. од истото село, се превртел и приколката ја поклопила Р.Ц.(74), која била сопатник на тракторот. Р.Ц. починала на местото на настанот, додека возачот М.Ц. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствен дом – Крива Паланка. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
