Трагедијата на семејството Курди ја открива жалосната судбина на сириските Курди

Трагедијата на семејството Курди, во која во брановите на Егејското Море се удавија тригодиншниот Ајлан Курди, неговиот петгодишен брат и нивната мајка, при обидот на поголема група бегалци, од Турција да се префрлат во Грција, на островот Кос, а од таму во ЕУ, ја покажува и жалосната судбина на сириските Курди, во војната што повеќе од четири години се води во Сирија, пишуваат дел од лондонските весници, анализирајќи ја најголемата бегалска криза во ЕУ по Втората светска војна.
Според „Тајмс“ сликата со мртвото тело на малиот Ајлан, во рацете на турски војник, на плажата кај одморалиштето во Бодрум, го обиколи целиот свет и се верува ја покрена меѓународната јавност, политичките лидери во ЕУ и во Велика Британија, да направат повеќе за луѓето кои бегаат од Блискиот Исток, а кризата што до тогаш ја означуваа како мигрантска, да ја преквалификуваат во бегалска.
Весникот „Индепендент“ меѓутоа, се осврнува на идентитетот на малото дете и на неговото семејство, откривајќи дека тие се порашени жители на сирискиот град Кобане, во кој големо мнозинство од населението, пред избувнувањето на судирањата меѓу воинствената сириска исламска опозиција и сириската армија, го сочинуваа локалните Курди.
Родителите на Ајлан побегнале со свооте деца во Турција, чија граница е сосема блиску до Кобане, планирајќи од таму да заминат на Запад, во Канада, за да избегаат од војната, непријателствата и за помирен живот.
Во поголем гумен чамец, семејството Курди било едно од неколкуте десетина бегалци, кои се обидувале да стигнат до грчкиот остров Кос, но чамецот бил зафатен од невреме и силни бранови, па се превртел, при што се удавиле десетици луѓе, меѓу нив и тројцата членови од семејството Курди.
Очајниот татко на децата, во изјава за весниците рекол дека силниот бран му го истргнал малечкиот Ајлин од неговите раце, неуспевајќи да спаси никого од своето најблиско семејство.
Според „Индепендент“ тие се дел од повеќе од 300 илјади Курди кои побегнаа од Кобане и од околните 250, главно, курдски села, во пограничните делови на соседна Турција, за да се спасат од џихадистите на Исламска држава.
Повеќе од 4,5 месеци траеше битката на курдските борци со сунитските џихадисти на ИД за Кобане и неговата околина.
Во таа тешка борба, Курдите и нивните борци, беа оставени сами.
Турските сили, кои од граничната линија само ја посматраа борбата, одбиваа да им помогнат на Курдите и покрај бројните повици да интервенираат, но не добија помош ниту од земјите на ЕУ. Оставени само со повремените американски бомбардирања врз позициите на џихадистите, курдските борци ја извојуваа својата досега најголема победа, плаќајќи за тоа висока цена.
- Тие не дадоа Кобане да падне во рацете на џихадистите, но нивната победа излезе на крајот Пирова, затоа што градот остана целиот во урнатини и без своите разбегани жители, забележува лондонскиот весник.
Курдите во Сирија, важат за лојални и блиски до претседателот Башар ал Асад против кого се крена сунитската опозиција во земјата, од која на фронтот се разви Исламска држава, заговарајќи радикално толкување на сунитскиот ислам.
Блискоста на сириските Курди со Асад ги направи непријатели во очите на ИД и на другите исламистички групи, но и неомилени во соседна Турција, и кај другите сунитски држави во регионот, за кои на Западот се тврди дека го помагаат одржувањето на џихадистите.
Ново на Сител
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
-

Мнозинството не ги прифати пакет законите на СДСМ за заштита на животниот стандард на граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
