Трајановски: Пациентот од Берово на Ургентен во Скопје бил примен во многу тешка состојба
Пациентот од Берово на 23 август е префлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор, со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал починал за помалку од 24 часа.
– На ден 23.08 пациент на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор. Пациентот на прием со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал почина за помалку од 24 часа, соопшти попладнево директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) Александар Трајановски.
Претходно, Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во штипската болница.
Како што соопштија од МЗ, директорот на штипската болница Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот.
По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство соопшти дека јавноста ќе биде поконкретно информирана.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
