Трајче Здравков и Игор Ефтимов назначени за в.д. директори на двете штипски јавни претпријатија
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше дека Трајче Здравков е новиот вршител на должност директор на ЈП „Исар“, а Игор Ефтимов на ЈП „Стипион“.
-Се надевам дека овие решенија ќе ја оправдат довербата на народот и она што го ветуваме дека ќе ги направиме пофункционални јавните претпријатија и да бидат сервис на граѓаните. Истите ќе бидат во функција и ќе ги задоволат барањата на нашите сограѓани. Од денес тие ќе имаат можност и обврска секојдневно во координација да ги извршуваме основните дејонсти на јавните претпријатија, рече Јорданов.
Посочи дека она со што прво ќе се зафати новиот тим е реорганизација на претпријатијата, забрзување на започнатите проекти и завршување на градежните активности.
– Новите директори приоритетно ќе имаат обврска да се реорганизираат, да создадат тим што ќе носи резултати и кој ќе биде во функција на нашите сограѓани, истакна Јорданов.
Порача дека Здравков и Ефтимов се назначени како вршители на должност на двете големи штипски претпријатија со цел да бидат пофункционални, поодговорни и да служат на граѓаните, а доколку се утврди нивна неодговорност и нефунционалност, тие ќе бидат разрешени.
Новите вршители на должност најавија дека ќе направат анализа во каква состојба се претпријатијата и ветија дека ќе бидат во служба и сервис на граѓаните.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск