Трајчевски: Прават по 7-8 лажни портали и зимаат по 100.000 евра на секои избори
Интернет порталите политичките партии и центрите не моќ ги користат како своја алатка за ширење на дезинформации и информации во своја корист, вели првиот човек на Агенцијата за медиуми, Зоран Трајчевски во Детектор.
„Се добива впечаток дека политичките партии, политичките центри на моќ имаат најлесен начин, најлесен канал да пласираат дезинформација токму преку интернет порталите, бидејќи во голем број случаи ние не знаеме ниту кој е сопственик на порталот, ако го отворите немаат импресум, или ако имаат импресум, тоа е со минимална информација која не дава воопшто можност на некој што е засегнат да реагира. Не знаеме кој е сопственик, не знаеме кој е директор, не знаеме кој е главен и одговорен уредник, не знаеме каде е седиштето на порталот, не знаеме каде се донесуваат уредувачките одлуки. А од друга страна, иако не се ставени во Законот за медиуми, од 2018 година, ако не и претходно, се ставени во Изборниот законик и порталите добиваат 15.000 евра за платено политичко рекламирање.. Ако ги споредиме по малите локални радија или телевизии, ти добиваат многу помалку од порталите, кај кој што не знаеме дали воопшто имаат вработени или немаат вработени. И имаме пракса, која што е веќе навистина пракса, да се отвораат портали на една иста адреса, 7-8 портали, да земаат тие 7-8 портали по 15.000 евра рекламирање. Тоа зборуваме од една политичка партија. Ако 3-4 политички партии се рекламираат, тогаш е тоа веќе 100.000 евра. И по завршување на изборите, кога после 10 или 15 дена Државната изборна комисија ќе ги исплати парите, тие портали се затвараат до следниот изборен циклус.“ – вели Трајчевски за Детектор.
Ново на Сител
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 април со сведочење на Палевски
-
Олуките за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница на државата и на КПД Идризово поминаа на Комисијата за одбрана
-
Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД
-
Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане
-
Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи
-
Палевски: Заминав во Турција за да докажам дека Гоце Делчев бил убиен од врховистите, а не турски аскер
-
Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Општина Кочани
-
Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени