Трам ја пречека Тереза Меј во Белата куќа

Британската премиерка Тереза Меј денеска пристигна во Белата куќа на прва средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во надеж дека ќе ги обнови специјалните врски меѓу Велика Британија и САД.
Премиерката Меј беше пречекана од Трамп, по што почнаа разговорите во Овалната соба, во која Трамп ја вратил бистата на Винстон Черчил, која претходно ја отстранил Барак Обама, јави Би-Би-Си.
Таа претходно се запиша во книгата на Белата куќа, како прв странски лидер кој тоа го сторил откако новата администрација ја презеде должноста.
На врвот на агендата на Меј се подготовки за нов трговски договор меѓу САД и Велика Британија, откако Лондон ќе се повлече од ЕУ. Таа со Трамп разговара и за безбедносните предизвици, вклучувајќи ги Русија, Сирија и исламистичкиот тероризам.
По средбата, Трамп и Меј ќе одржат заедничка прес-конференција и ќе имаат работен ручек.
Ново на Сител
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
