Трамп: Ако не ја добијам претседателската номинација можни се нереди
Фаворитот за републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп изрази уверување дека ќе освои доволно број делегати за да може да ја добие партиската номинација, предупредувајќи дека се можни нереди доколу таа му биде ускратена.
- Мислам дека не можете да кажете дека таа (номинација) се добива автоматски. Мислам дека ќе има нереди... Затоа што јас претставувам милиони луѓе, рече Трамп во изјава за Си-Ен-Ен.
Вчера во текот на „Супер вторникот 2“, Трамп победи во три од шесте американски сојузни држви во се одржаа прелиминарните избори за претседателки кандидат на Републиканската партија.
Трамп досега успеа да освои најголем број делегати на Републиканската национална конценција, што ќе се оддржи во јули и на која ќе биде избран кандидатот на републиканците за претседател на САД на изборите во ноември, но, според аналитичарите, ако се задржи сегашниот тренд, на самиот собир тој ќе има противкандидат за номинацијата и исходот од гласњето на делегатите би бил до крај неизвесен.
Ново на Сител
-
Приведена 22-годишна жена во Тетово барана по централна потерница
-
Дамева и Чачарова Илиевска од Судскиот совет ги разгледуваат интерпелациите и ќе се изјаснат со свој став за нив
-
ЗНАМ за патните трошоци: Досега не сме наплаќале, ќе ги игнорираме сите предлози на Левица чија единствена цел е популизам
-
Дрогата ја чувал под седиште во мотор, уапсен 24 годишник во Карпош
-
Брнабиќ: Наскоро ќе има предлог за измена на Законот за високо образование
-
Британија се стреми да застане на чело на НАТО во Европа
-
ФБИ пронајде нови документи за атентатот на Кенеди по наредбата на Трамп за нивно објавување
-
Усмртен пешак на магистралниот пат Гостивар-Кичево