Трамп: Ако треба ќе ја затвориме Владата, но ќе го изградиме ѕидот кон Мексико
Ако треба ќе ја затвориме Владата, но ќе го изградиме ѕидот на границата со Мексико, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на митингот во конгресниот центар во Феникс, во државата Аризона.
За време на неговиот говор пред центарот се собрале неколку илјади демонстранти кои полицијата ги растера со димни бомби и солзвац, откако тие почнале да фрлаат со камења и шишиња кон безбедносните сили. На протестот дошло до судир меѓу демонстранти и приврзаници на Трамп.
Градоначалникот на Феникс, Грег Стантон побарал од американскиот претседател да го одложи политичкиот митинг, со цел да се смири ситуацијата по случувањата во Шарлотсвил.
Трамп повторно ги нападна медиумите, додавајќи дека „е време да се откријат лагите на измамничките медиуми, чија улога е да поттикнуваат насилство“.
Во конгресниот центар не присуствуваа двајцата сенатори од Аризона - Џон Мекејн и Џеф Флејк. Гувернерот републиканец Даг Дјуси го пречека Трамп на аеродромот, но не се појави на митингот.
Ова е прва посета на Трамп во Аризона откако ја презеде претседателската функција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година